Стоковната размена зголемена за околу десет отсто

Bez autora
Sep 06 2010

Обемот на стоковната размена е зголемен за 9,5 отсто за периодот од јануари до јули 2010 година во однос на истиот период минатата година. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија за периодот изнесува 1,7 милијарди долари, а на увозот 2,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 отсто, а трговскиот дефицит за истиот период изнесува 1,1 милијарди долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо учеството имаат железото и челикот, како и облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во периодот од јануари до јули 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите членки на ЕУ со 61,8 отсто и земјите од Западен. Балкан со 31,1 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ, 52,8 отсто и земјите во развој 28,3 отсто.

Стоковната размена зголемена за околу десет отстоОбемот на стоковната размена е зголемен за 9,5 отсто за периодот од јануари до јули 2010 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија за периодот изнесува 1,7 милијарди долари, а на увозот 2,8 милијарди долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 отсто, а трговскиот дефицит за истиот период изнесува 1,1 милијарди долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо учеството имаат железото и челикот, како и облеката, фероникелот и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во периодот од јануари до јули 2010 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите членки на ЕУ со 61,8 отсто и земјите од Западен.

Балкан со 31,1 отсто, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ, 52,8 отсто и земјите во развој 28,3 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија (662.997 милиони долари), Грција (365.547 милиони), Србија, Италија и Русија околу 44 отсто од вкупната надворешно трговска размена се врши со овие пет земји, најмала стоковна размена остваруваме со САД од 58 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik